Бејл во Мадрид се пресели за сума од 90 милиони фунти во
2013. година, а сега би можел да се врати во Тотенхем, а како клуб од
Премиерлигата кој е исто така заинтересиран за неговите услуги подолг период се
споменува и Манчестер јунајтед.
Манчестер јунајтед имаше претходно обиди да се засили со
Велшанецот, но истите не вродија со плод, па како и клубот, така и самиот
фудбалер ја одбиваше таа опција.
Манчестер и натаму останува отворена варијанта, исто како
и Тотенхем, но прашање е колку првиот човек на тимот од Лондон, Даниел Леви е
подготвен да го сруши клупскиот рекорд за да го врати својот поранешен
фудбалер, а има и друга опција.
„Diario
Gol“ исто така пренесува дека Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го
побара Хари Кејн, еден од најдобрите напаѓачи во фудбалска Европа, за Герет
Бејл како дел од понудата за репрезентативецот на Гордиот Албион.
Едно е сигурно, Тотенхем со Хари Кејн во комбинација е во
подобра положба во однос на Манчестер јунајтед доколку го посакува Бејл, но прашање е колку
премиерлигашот од Лондон е подготвен да се откаже од својот напаѓач кој блеска
со своите фантастични изданија.