Добри вести за Ливерпул и лоши за Јунајтед, Барса има нова трансфер цел број 1 (ФОТО)

by
2 минути читање

Французинот се
најде на насловната страна на денешното издание на каталонскиот весник Мундо
Депортиво, кој пишува дека лидерите на Барселона стартувале со „Операција
Гризман“.

26 годишниот
напаѓач на Атлетико Мадрид и изминатово лето се поврзуваше со преселба на Камп
Ноу, но „Колчонероси“ се заштитија со откупна клаузула од 200 милиони евра,
сума која беше превисока за Барса.

Сепак, по крајот
на сезоната работите ќе се променат, Антоан Гризман ќе биде достапен за 100
милиони евра, бројка која „Каталонците“ се спремни да ја платат.

Мундо Депортиво
пишува дека интересот за Антоан Гризман е голем, напаѓачот долго време беше
желба на Манчестер јунајтед, а наводно и Реал Мадрид внимателно ја следи
ситуацијата.

Па Барса не сака да
губи време и веќе е остварен контакт со агентите на играчот. Повратните
информации биле позитивни, репрезентативецот на „Триколорите“ бил поласкан и
возбуден од интересот бидејќи играњето покрај Лео Меси ќе значи голем скок во
кариерата.

Доколку ваквата
сторија на Мундо Депортиво е точна, тоа е добра вест за Ливерпул, бидејќи
Филипе Кутињо веројатно ќе остане на Енфилд.

Но веста не е
толку добра за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед, кои со месеци создаваа терен
за потпис со Антоан Гризман, но планот им пропадна во вода откако остана на
сила забраната за трансфери на Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани