Кинезите не се штедат, Лацио добива богатство за Имобиле

by
1 минути читање

Лацио игра во фантастична форма, калчолигашот од Рим има
осум победи во низа во сите конкуренции, а тоа најмногу се должи на офанзивецот
Чиро Имобиле кој со 13 погодоци е прв стрелец во Серија А.

Според пишувањата во дел од медиумите во Италија, се вели
дека 27 годишниот Италијанец во јануарскиот преоден рок би можел да си замине
од Лацио и да се пресели во Кина, поточно, во екипата на Шангај која за него
нуди фантастични 70 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Имобиле во Шангај би имал
годишен договор вреден 6.5 милиони евра, двојно повеќе од неговата моментална
заработка во Лацио која изнесува 3 милиони евра.

Како и да е, истиот медиум додава дека Лацио се уште не
се изјаснил околу оваа понуда.

На две кола до крајот во кинескиот шампионат, Шангај кој од клупата е предводен
од португалскиот стратег Андре Вилаш Боаш заостанува девет бода зад Гвангжу на
Луис Фелипе Сколари, а прва ѕвезда во тимот е секако Бразилецот Хулк, кој
очигледно ќе добие италијански партнер во нападот на кинескиот прволигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×