36-годишниот голман се очекува да замине од Порто во јануари, а како негова потенцијална дестинација се споменува Ливерпул.
Јирген Клоп не е задоволен од Симон Мињоле, а ниту од неговата замена Лорис Кариус, па посакува да го ангажира Касиљас, пишуваат англиските медиуми.
Ливерпул игра очајна одбрана оваа сезона, а на Мињоле му се препишуваат два од четирите голови на гостувањето кај Тотнем.
Црвените оваа сезона на гостински терен примија 15 гола, што е најмногу во Премиерлигата во моментов, па Клоп во Касиљас гледа решение.
Португалскиот гигант во моментов е на врвот во домашната лига со два бода предност, победи на осум од деветте натпревари примајќи само четири гола. Останува во трка за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но би можеле да го продадат Касиљас со цел да ја намалат сумата која им оди за плати на фудбалерите.