172
Манчестер Сити потешко од очекувањата ја мина
осминафиналната рунда од Лига Купот на Англија откако на пенали обезбеди триумф
пред своја публика над Вулверхемптон.
Интересен детал уловија камерите по крајот на оваа средба
каде во фокусот на вниманието се најде Белгиецот Кевин Де Брујн.
Ѕвездата на Сити најпрво му го даде својот дрес на 19
годишниот Ирец, Конор Ронан кој влезе во 73. минута во таборот на гостите и
блесна со своето издание, а потоа го побара и неговиот дрес, со целосен респект
кон него.