Вест Хем поради Хрват може да се соочи со сериозен проблем

by Стефан
1 минути читање

Вест Хем сè уште не доведе ниту едно засилување по разочарувачката сезона 2024/2025, а клубот сега може да се соочи и со нов проблем и тоа од Судот за спортска арбитража (ЦАС), кој нареди итна исплата на долг кон ЦСКА Москва за трансферот на хрватскиот репрезентативец Никола Власиќ.

Фудбалерот пристигна во редовите на „чеканите“ во 2021 година, но според договорот, втората рата од обештетувањето во висина од околу 7.3 милиони фунти (8.58 милиони евра) требаше да биде исплатена уште во јули 2022 година.

Проблемите настанаа поради санкциите што Обединетото Кралство ги воведе кон руските државни клубови поради инвазијата врз Украина. Поради тие ограничувања, плаќањето не беше можно без посебна дозвола од британската влада.

Сепак, ЦАС на 31 мај донесе одлука Вест Хем да мора да го исплати долгот на ЦСКА во рок од 45 дена. Доколку тоа не се случи, англискиот клуб би можел да се соочи со забрана за регистрација на нови фудбалери во наредните три преодни рока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×