Викендов се игра десеттото коло од англиската
Премиерлига, а уште на стартот, во сабота се игра дерби меч помеѓу Манчестер
јунајтед и Тотенхем, екипи со ист број бодови засега на табелата (20) кои се на
делба на второто место.
Се чини дека стратегот од клупата на тимот од Лондон,
Маурицио Почетино ќе ротира за дербито во Манчестер, а нема да зачуди ако од
комбинација отпадне дури и најдобриот фудбалер на тимот, Хари Кејн, кој во
победата против Ливерпул беше заменет во финишот од средбата, а аргентинскиот
стратег истакна дека се работи за замор, нема никаква повреда.
„Мораме тимот да го прилагодиме во однос на нашиот
противник Манчестер јунајтед, па со самото тоа ќе бидеме принудени и да
ротираме од различни причини“ изјави Почетино.
На прашање на новинарските екипи за тоа дали Кејн е под
знак прашање за саботното дерби, Почетино одговори ‘Ќе видиме…’.
Хари Кејн со осум погодоци е прв стрелец во Премиерлигата со осум настапи
засега.