Подолг период Жозе Мурињо и Лук Шо беа во заладени
односи, откако за дефанзивецот кој пред три години за сума од 30 милиони фунти
стигна на „Олд Трафорд“ од Саутемптон, немаше место ниту на клупата за резервни
фудбалери.
Португалскиот стратег беше категоричен во своите изјави
велејќи дека Шо заостанува зад останатите во тимот, а сега 22 годишниот
фудбалер се врати по пауза од два месеци поради повреда.
Односите помеѓу нив двајца дотолку се заостриле што „Сан“
пишува дека тие не ни зборуваат повеќе.
Шо е фрустриран од ситуацијата со Португалецот до тој степен што дури и сака да си замине од „Олд Трафорд“, а тоа би можел да го стори уште во јануари во следниот преоден рок.
Дефанзивецот има важечки договор со клубот до 2019. година
откако Манчестер јунајтед се одлучи да ја активира опцијата на 12 месечно
продолжување на договорот.
Шо доби само три минути прилика за настап против Свонси
во Лига Купот на Англија каде Манчестер јунајтед обезбеди пласман во
четвртфиналето славејќи на тоа гостување со 0-2.