146
Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Гери Невил
има свој фаворит во трката за титулата во англиската Премиерлига, иако во
трката е и неговиот поранешен клуб, како и Манчестер Сити, сепак, тој во
Тотенхем гледа нов шампион на Англија.
„Работата која ја врши Почетино во Тотенхем е
фантастична. Клубот функционира одлично, се’ тече во најдобар ред, имаат респектабилен состав,
мислам дека можат да ја освојат лигата бидејќи фудбалот кој го играат е таков
што овмозможува таков успех“ смета Невил кој се споменува како можен нов тренер
на Евертон.