Озил ќе го напушти Арсенал само за три клуба, преселба во Италија и Турција не е опција

by
1 минути читање

Плејмејкерот е
под договор со „Топчиите“ до 30. јуни, преговорите за продолжување на версноста се стопирани па често се пишува дека ќе го напушти Емирати.

Во последно време
се говори дека Месут Озил ќе ја обнови соработката со Жозе Мурињо, наводно тој
на своите соиграчи веќе им открил дека заминува во Манчестер јунајтед.

Но според „МЕН“, „Црвените
ѓаволи“ не пројавиле интерес и спротивно на шпекулации, Озил на никого му нема
кажано дека се сели на Олд Трафорд.

Весникот, кој е
добро упатен кога се работи за Манчестер јунајтед, додава дека најтрофејниот
клуб од Англија е една од можните дестинации на Германецот.

„МЕН“ повикувајќи
се на извор близок до играччот, вели дека Месут Озил ќе го напушти Арсенал само
за преселба во Барселона, Реал Мадрид или Манчестер јунајтед. Италија и Турција
не се опција.

Останување во
Арсенал исто така е опција, но двете страни имаат проблем околу висината на
платата, како и желбата на Месут Озил да го добие дресот со број 10, кој е во
сопственост на Џек Вилшер. Сепак, по последната рунда преговори во март, нема никаков
прогрес на овој фронт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани