2.500 билети летнаа за час, па фановите на Наполи порачаа: Дајте ни уште една трибина доаѓаме 10.000!

by
2 минути читање

Градот под Везув
одново сонува за Скудетото по победата над Јувентус во Торино, па навивачите не
сакаат да го пропуштат дуелот против Фиорентина во недела, кој може да им го донесе
врвот на табелата доколку Јувентус не победи против Интер ден претходно.

За овој меч,
Наполи официјално доби 2.500 билети кои биле продадени за еден час. Но
побарувачката е четири пати поголема и се очекува 10.000 фанови да ги бодрат
избраниците на Сари на Артемио Франки

Фиорентина
денеска почнува со слободна продажба па навивачите на Наполи од Тоскана и
другите региони ќе можат да набават билет за било кој сектор од стадионот. Ова
создава проблеми за организаторот, бидејќи ќе има „сини“ и „виолетови“ навивачи
едни до други. Исторски гледано односот помеѓу двете групи не е идеален, па се
разгледуваат секакви опции.

Фановите на
Наполи веќе побараа да им биде отстапена „Курва Феровија“ која е веднаш до
просторот наменет за гостинските фанови, па така сите ќе бидат сместени на куп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани