165
Репрезентативецот на Македонија Љупче Дориев и понатаму ќе биде дел од узбекистанската Согдиана откако со овој тим потпиша продолжување на соработката на уште две сезони.
Дориев стави потпис на договор кој со платата и бонусите во него има вредност од скоро еден милион долари.
Дресот на Согидана, Дориев го носи од пред нешто повеќе од една година кога пристигна од Шкендија. Во овој тим е еден од најважните фудбалери, а сезонава е прв стрелец во првенството со десет постигнати гола.