127
Aндреј Тодороски продолжува со одличните настапи во српската Суперлига и денеска беше стрелец во ремите на неговиот Спартак Суботица
Тодороски погоди мајсторски од слободен удар во судиското продолжение и така обезбеди реми против ОФК Београд.
Ќе потсетиме, Тодороски е фудбалер кој е роден во Македонија, но брзо со семејството се пресели во Австрија каде и што ја започна кариерата. Во српските медиуми тој веќе изјави дека би сакал да игра за Македонија во иднина, меѓутоа во овој момент поседува само австриски пасош.