128
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски конечно дебитира во Лигата на шампионите за Џирона, во второто коло против Феенорд.
Сепак, штипјанецот нема по добро да го памети своето европско деби во елитата. Иако направи добар потег и изнуди пенал, Миовски не успеа да го реализира ударот од 11 метри.
Поточно, голманот Тимон Веленројтер го прочита Македонецот и му го одбрани пеналот.