150
Данскиот фудбалер Андреас Кристенсен ја повреди Ахиловата тетива и би можел да биде надвор од терените во следните два месеци што ќе биде голем удар за тимот на Ханси Флик.
Барселона објави дека Данецот има воспаление на тетивата без да наведе колку ќе паузира. Меѓутоа, шпанските медиуми пренесуваат дека паузата може да биде околу два месеци.
Данскиот интернационалец ќе го пропушти и натпреварот против Жирона во следното коло, а Барселона би можела да биде без него и во првите натпревари во Лигата на шампионите.
Од претходно Барселона е без Роналд Араухо кој се повреди на Копа Америка и негово враќање се очекува во ноември.