Човекот кој го измисли спрејот за прекини по 23 години ја доби битката со ФИФА

by 24 фудбал
1 минути читање

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе мора да го обештети Хеине Алемање од Бразил со отштета во непознат износ.

Станува збор за човекот кој го измисли спрејот кој сега фудбалските судии го користат за одбележување на позицијата на топката и живиот ѕид при прекини. Бразилецот уште во 2000 година смисли сличен спреј кој КОНМЕБОЛ го користи од 2009 наваму, а потоа ФИФА се обиде да го „украде“ и присвои изумот.

Сепак, Алемање уште одамна се пожали за патентираниот свој производ и од ФИФА побара 37 милиони евра. Целосната битка меѓу бразилскиот изумител на спрејот и Светската куќа на фудбалот траеше неверојатни 23 години, а Алемање кажа: „Ја победив ФИФА во секој поглед. Ова е приказна за Давид и Голијат. ФИФА е големец, а тоа беше 23 годишна битка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани