Роналдо тргна соиграч од жив ѕид, па неговиот тим прими гол поради тоа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Иако Ал-Наср во натпреварот од Саудиската Про лига ја совлада Абха со 2:1 меѓу навивачите тема беше и еден необичен момент во кој главната улога ја имаше Кристијано Роналдо.

При водство на Ал-Наср од 2:0, противничката екипа доби слободен удар од коса позиција во 75. минута, а изведувањето го презеде Набил Фекир. Наместо поставувањето на живиот ѕид да му го препушти на својот голман, Роналдо реши самиот да ја преземе улогата.

Португалецот самостојно му сугерираше на еден од двајцата соиграчи да го напушти живиот ѕид, што овој и го направи. Фекир го искористи „празниот простор“ и со прецизен удар го совлада голманот на Ал-Наср за 2:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×