Меси доби нов тренер во Интер Мајами и повторно негов сонародник

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот аргентински фудбалер Кили Гонзалес и официјално е новиот тренер на Интер Мајами, тимот во чии редови настапува една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, Лионел Меси.

Педесет и двегодишниот Гонзалес се обврза на соработка со клубот од Флорида до јуни 2028 година.

Со неговото назначување, Интер Мајами доби долгорочно решение на тренерската позиција по периодот во кој екипата беше предводена од Гиљермо Хојос како привремен тренер по разделбата со Хавиер Маскерано.

За Гонзалес ова претставува нов предизвик во тренерската кариера, која ја започна во 2020 година. Во изминатиот период работеше во Јужна Америка, каде што ги предводеше Росарио, Унион и Платенсе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×