Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави првиот список на фудбалери по дебаклот што оваа репрезентација го доживеа на Светското првенство.
Иако Бразилците на Мундијалот во Северна Америка не пристигнаа како главни фаворити, очекуваа многу подобар резултат од осминафиналето, во кое ги елиминираше Норвешка.
Анчелоти „преживеа“ жестоки напади по турнирот, пред сè од поранешните бразилски асови, па доби одврзани раце да создава тим кој на Мундијалот во 2030 година ќе се обиде конечно да постигне добар резултат. Секако, тука е и Копа Америка во 2028 година.
Бразил сега го очекуваат пријателски натпревари со Австралија и Индија, а списокот на Анчелоти за овие дуели претставуваше вистинска „чистка“ по Светското првенство.
Бразил го отвора новото поглавје без Нејмар и низа долгогодишни репрезентативци кои ова лето се простија од националниот дрес. Репрезентацијата ја напуштија Данило, Каземиро, Фабињо, Алекс Сандро, како и голманите Алисон и Едерсон.
На списокот на италијанскиот стручњак се наоѓаат дури осум дебитанти: Педро Мориско, Отавио, Артур Диас, Жаир Куња, Матеузињо, Мауро Жуниор, Брено Бидон и Габриел Бонтемпо.
Во тимот се враќаат и Естевао, Андреј Сантос и Жоао Педро, кои го пропуштија Светското првенство. Кога сè ќе се собере, Анчелоти изостави дури 16 играчи од составот што настапи на турнирот во САД, Канада и Мексико.
Забележливо е што не ги повика двајцата главни напаѓачи од составот за Мундијалот, Куња од Манчестер Јунајтед и Игор Тијаго од Брентфорд. Исто така, го нема ниту Лукас Пакета.
На списокот се наоѓаат 26 играчи:
Голмани: Уго Соуза (Коринтијанс), Педро Мориско (Коритиба), Отавио (Крузеиро);
Одбранбеници: Даглас Сантос (Зенит), Матеузињо (Коринтијанс), Мауро Жуниор (ПСВ Ајндховен), Весли (Рома), Артур Диас (Атлетико Паранаенсе), Габриел (Арсенал), Жаир Куња (Нотингем Форест), Маркињос (ПСЖ), Витор Реис (Манчестер Сити);
Среден ред: Андреј Сантос (Манчестер Јунајтед), Брено Бидон (Коринтијанс), Бруно Гимараеш (Арсенал), Данило (Ботафого), Габриел Бонтемпо (Сантос);
Напаѓачи: Ендрик (Реал Мадрид), Естевао (Челзи), Жоао Педро (Челзи), Педро (Фламенго), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмут), Саму Лино (Фламенго), Винисиус (Реал Мадрид).
Јасно е дека лидерите на екипата ќе бидат Рафиња, Винисиус и Маркињос.
Бразил против Австралија ќе одигра два натпревари на 25 и 29 септември. Натпреварот против Индија е закажан за 3 октомври.