Втора тренерска жртва во Серија А, а на повидок и голема рокада?!

by bojan
1 минути читање

Доменико Тедеско е втората тренерска жртва во Серија А, од таборот на Болоња утрово соопштија дека се разделиле со поранешниот селектор на Белгија, и на негово место е назначен Рафаел Паладино.

Доменико Тедеско не издржа ниту 100 дена на клупата на Болоња, по лошиот старт на сезоната и само еден бод од првите четири кола, стратегот доби отказ.

Популарните „рособлу“ утрово соопштија дека се разделиле со поранешниот селектор на Белгија, и на негово место е назначен Рафаел Паладино.

Доменико Тедеско е втората тренерска жртва во Серија А, минатата недела Фиорентина отказ му врачи на Фабио Гросо.

Но следниот период може да донесе нови промени и голема тренерска рокада.

Неколку извори пренесуваат дека столчето на Лучано Спалети во Јувентус сериозно се ниша, и натпреварите против НЕК и Аталанта можат да му пресудат.

Се шпекулира со враќање на Антонио Конте, кој е дамнешна желба на сопственикот Џон Елкан и единственото име кое може да го натера Јувентус да го промени тренерот по само неколку натпревари.

ФОТО: X/Bologna FC 1909

Можно е и ова да ти се допаѓа

×