Винисиус мета на критики, погледнете како изгледаше неговиот настап против Елче (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Винисиус Жуниор не игра во најдобра форма од почетокот на сезоната, Мурињо го брани, но фактите засега се на страната на критичарите. Едноставно Бразилецот не е на нивото од претходно.

Дуелот против Елче, според мислењето на многумина, беше неговиот најлош натпревар во последните неколку години. Винисиус носеше лоши одлуки, беше несигурен и непрецизен во завршницата, а сите реномирани аналитичари го оценија со оценка под „шест“. Жозе Мурињо во финишот реши да го извади од игра, а на левата страна го префрли Јан Диоманде, што многумина го видоа и како јасен знак дека Винисиус нема да биде незаменлив доколку не ја подобри формата.

Статистиката покажува дека Винисиус бил еден од најслабите играчи во тимот на Жозе Мурињо. Имал дури пет удари кон голот, промашил две големи шанси, а еден од новинарите во Мадрид порача дека во следните натпревари би можел да остане на клупата за резерви.

На социјалните мрежи се појави и видео со неколку потези од неговиот настап…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×