96
Пелистер викендов беше поразен од Шкендија во единствениот натпревар од 15. коло кој се играше во терминот од 17:00 часот, но во Битола се уште тема е и победата над Вардар.
Вардар гостуваше на Пелистер во 13. коло и тој натпревар се одигра пред полни трибини. На крајот домаќините се радуваа на трите бода со голот на Мирко ивановски во завршницата.
Навивачите не ја заборавија радоста која им ја донесеи Ивановски, па затоа за него во дуелот со Шкендија имаа и специјален подарок, слика со неговата прослава на погодокот од тој натпревар.