1,6K
Во Англија завршени се сослушувањата и презентирањето на докази во случајот на Премиер лигата против Манчестер сити и сега се чека пресудата.
За судбината на гигантот од Манчестер против кого има 115 обвинувања за кршење на финансиските правила ќе одлучуваат тројца судии.
Манчестер сити ги негира сите неправилности, но ако се докаже дека не е во право тогаш казната може да биде дури и исфрлање во понизок ранг. Досега во историјата на англискиот фудбал немал друг ваков случај и поради тоа не може да се направи споредба каков би бил исходот.
Советот не си дава рокови за донесување на одлуката и до соопштувањето на пресудата можат да поминат и неколку месеци.