63
Борусија Дортмунд демонстрира сила и на полувреме против Селтик води со огромни 5-1 во второто коло на Лигата на шампионите.
Неверојатно полувреме одиграа „милионерите“ пред своите навивачи на „Сигнал Идуна Парк“. Борусија во целост го демолира гостинот од Шкотска за само 45 минути, а главна алка на тимот беше Карим Адејеми кој постигна хет-трик.
Резултатот го отвори Емре Чан од пенал по седум минути игра, а само две подоцна Маеда израмни на 1-1.
Тогаш почна рапсодијата на Борусија. Адејеми погодуваше во 11 и 29 минута за 3-1. Потоа во финишот на полувремето стрела и Гираси, а во 42 минута третпат гостинската мрежа ја стресе Адејеми.