63
Maкедонските фудбалери до 21 година денеска претрпеа пораз со 1:3 на првиот натпревар против селекцијата на Косово.
Избраниците на Драги Канатларовски први додоа до водство со голот на Величковски во 18. минута, но до крајот на првиот дел гостите стигнаа до израмнување.
Во второто полувреме, Косово постигна уште два гола со што дојде до победата.
Македонија пред почетокот на натпреварот ја имаше блага фаворитска улога, но истата не ја оправда на теренот.