Потврдено: Бове никогаш повеќе нема да може да игра во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Фиорентина Едуардо Бове кој во неделата се сруши на теренот во натпреварот против Интер повеќе нема да може да игра во фудбал во Италија.

Како и што се најавуваше, денеска е потврдено дека на Бове му е вграден песмејкер во болницата „Карегу“ во Фиренца и поради тоа нема да може да продолжи да настапува во Серија А.

Италија како што е познато не дозволува фудбалерите со дефибрилатор професионално да играат фудбал, па така ако Бове ја продолжи кариерата тоа ќе мора да биде во клуб надвор од „Чизмата“.

Поради иста ситуација Кристијан Ериксен во 2021 година беше принуден да го напушти Интер.

Кога е Бове во прашање него ќе му биде направена операција о следните неколку дена, а докторите се сомневаат дека се работи за Миокардитис, воспаление на срцето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани