123
Како и што се најавуваше екипата на Партизан го врати Саво Милошевиќ на клупата.
Милошевиќ денеска потпиша договор во просториите на клубот, а неговата официјална промоција треба да се случи во понеделник, додека првиот тренинг со екипата ќе го одработи на 1 октомври.
Пред Милошевиќ е тешка задача, скоро ист како во 2019 година во неговиот прв мандат успеа да ја сврти ситуацијата.
Главната цел на Милошевиќ ќе биде да го стабилизира клубот и да донесе подобри резултати. Промената на тренерската клупа во Партизан доаѓа по дебаклот од Црвена Звезда со 4:0 по кој беше и повреден од навивачите претходниот стратег, Александар Станојевиќ.