Откако Тудор седна на столчето, Лацио е во најдобра форма во Серија А!

by riste
1 минути читање

Хрватскиот стратег, Игор Тудор го препороди тимот на Лацио, во последните седум натпревари тие се тимот со најмногу освоени бодови во Серија А.

На седум натпревари, Тудор освои 16 бодови, Лацио во моментов е тимот кој е во најдобра форма во италијанската лига.

„Работата е тешка, дојдов во тек на сезоната во која тимот има потешкотии и донесов друг стил на игра. Фудбалерите мораа брзо да се адаптираат и резултатите дојдоа“, вели Тудор.

„Сите сакаат да играат, но јас можам да одберам само 11. Изборот го правам врз база на тоа што го гледам во текот на неделата. Ништо повеќе и помалку. Од вторник почнува нова недела и ние стартуваме повторно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани