82
Од редовите на Шкупи вечерва преку соопштение најавија дека утре на Чаир ќе пристигнат новите газди.
Неодамна клубот го напушту турскиот бизнисмен Олгун Ајдин, а засега чаирчани не откриваат имиња.
„Новите сопственици утре ќе присуствуваат на натпреварот против Силекс. Вратите за навивачите ќе бидат отворени на старата трибина. Натпреварот против Силекс е важен за нас затоа што ќе го прославиме и 35. роденден на нашата навивачка група“, објави Шкупи.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Силекс се игра во терминот од 13:00 часот.