55
Ндерим Неџипи по повеќе од две децении се враќа во редовите на Шкупи.
Своевремено како фудбалер тој настапуваше за Слога Југомагнат, а потекнува и од школата на овој клуб. Сега Неџипи доаѓа на поинаква функција, бидејќи ќе биде спортски директор на клубот од Чаир. Досега на ваква позиција тој работеше во Балкани од Косово и Маниса од Турција, а сега се враќа во матичниот клуб.
Кариерата на Ндерим Неџипи стигна и до Херта и Волфсбург, но бргу се врати на Балканот. Играше за Вардар, Работнички, Лирс, Карабах, Шкендија, Фљамуртари, Кораби, Партизани, Васлуи.