78
Наполи продолжи со одличната игра во Серија А, запишувајќи ја најубедливата победа досега од 0-4 кај Каљари.
Избраниците на Антонио Конте по поразот на стартот на сезоната од Верона (3-0), врзаа три славја во низа. Тимот од Неапол се консолидира, а повторно важи за еден од конкурентите за највисок пласман на „чизмата“.
Околу денешниот меч, Каљари беше во подредена улога. Во првиот дел погоди Ди Лоренцо, а потоа набрзина во второто полувреме стрелаа Кварацкелија и Лукаку. Белгискиот напаѓач беше и асистент на првите два гола.
Конечниот резултат го постави стоперот Алесандро Бонџорно во 93. минута од мечот (0-4.