Лудо сценарио: Половина италијанска лига може следната сезона да игра во Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалска Италија ги сонува најлудите соништа, бидејќи следната сезона во европските купови може да има дури десет претставници!

Веќе е јасно дека на Рома ѝ е потребна услуга од Аталанта, односно тимот од Бергамо да заврши под четвртата позиција на табелата, па така Италијанците би имаше шест претставници во Лигата на шампионите. Покрај тоа, во трка за распределба на европските места се Лацио, Фиорентина и Торино, меѓутоа постои и лудо сценарио според кое и десеттопласираниот Наполи би одел во Европа.

Клучен фактор тука игра Фиорентина која на 29 мај го игра финалето на Конференциската лига против Олимпијакос и важи за фаворит. Ако ја освои, тимот од Фиренца ќе се избори за место во Лигата на Европа, а тогаш на останатите би им одговарало Фиорентина да биде под деветтото место на табелата. Доколку тоа се исполни, Италијанците добиваат додатно место во Европа.

Интер, Милан, Болоња, Јувентус и Аталанта се сигурни во Лигата на шампионите, а Рома чека да ја „повлечат“ во елитата. Сигурен во Лигата на Европа покрај „волчицата“ е и Лацио, додека при европски трофеј на Фиорентина би профитирале Торино и Наполи, со што половина италијанска лига би изборила излез во евро-куповите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани