66
Чаби Алонсо вчера имаше емотивен меч, играше на Енфилд против Ливерпул каде помина убави години од кариерата и каде ја доживеа најголемата промоција како фудбалер.
Алонсо беше одлично пречекан од навивачите на Ливерпул, доби овации, се скандираше и неговото име, но црвените на теренот беа немилосрдни.
Ливерпул го доби мечот со 4-0, тоа беше тешка вечер за Алонсо и Леверкузен.
„Навистина сум среќен и благодарен за приемот“, вели Чаби Алонсо.
„Што се однесува до натпреварот, поразот е тежок, полош е резултатот отколку играта“.