Каталди погоди во чест на Бове, Фиорентина продолжи да победува во Серија А! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Фиорентина продолжи со серијата на победи во Серија А, денеска во Фиренца го совладаа Каљари со минимални 1-0, овој меч беше посебно емотивен за домаќините поради ситуацијата со Едоардо Бове.

Бове кој играше во одлична форма во Фиорентина пред да колабира на мечот против Интер, изгледа дека веќе нема да може да настапува за Фиорентина поради вграден дефибрилатор.

Неговите соиграчи го знаат тоа, па денешната победа му ја посветија нему. Пред мечот тој им се обратил со видео порака и побарал да победат за него. Дел од соиграчите веќе и го посетиле во болница.

Единствениот гол на мечот го постигна Каталди, беше тоа убав погодок. Откако ја затресе мрежата на противникот отиде кон камерата и го покажа бројот четири во чест на Бове. Тоа е бројката која младиот фудбалер ја носеше на виолетовиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани