Италија може да има шест тима во ЛШ, Рома сега ќе почне да навива против Аталанта!

by riste
1 минути читање

Освојувањето на Лига Европа од страна на Аталанта ги зголеми шансите за Италија да добие шест учесници во Лигата на шампионите, но потребно е да се исполни уште еден услов.

Рома е екипата која може да биде шестиот патник од Серија А во ЛШ, тие вчера навиваа за Аталанта, а сега ќе почнат да навиваат против нив.

Покрај тоа што Аталанта стана шампион, тие треба да завршат на петтото место во Серија А за Италија да добие шестти учесник. Засега точно петти, но имаат натпревар помалку од Болоња и Јувентус и доколку го добијат ќе скокнат на третата позиција.

Болоња и Јувентус имаат по 68 бода и уште еден меч до крајот на сезоната, Аталанта има 66 бода и уште два натпревари до крајот.

Аталанта двата натпревари ги игра дома, едниот со Торино, другиот со Фиорентина. Ако соберат доволно бодови за да бидат трети или четврти, Италија ќе остане со пет претставници. Ако останат на петтото место, во ЛШ оди и Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани