Интер може е шампион во Серија А – но нема лек за Сасуоло! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Интер која веќе го прослави Скудетото оваа сезона вечерва беше поразена со 1:0 од тимот на Сасуоло.

Ако за Интер натпреварот немаше резултатско значење не беше така за Сасуоло кој е во грчевите борба за опстанок. Со овие три бода Сасуоло дојде до 29, колку што има и Удинезе едно место погоре, но Удинезе има и натпревар помалку.

Единствениот гол на натпреварот денеска го постигна Лауренте уште во 20. минута. Лаутаро Мартинез во судиското продолжение од првиот дел ја затресе мрежата на домаќините, но тој гол беше поништен по реакција на ВАР поради недозволена позиција.

ГОЛОТ ЗА ПОБЕДА НА САСУОЛО – ТУКА

Интересно е што за Интер овој пораз беше прв по 28 натпревари, а последен пат „нероаѕурите“ беа поразени токму од Сасуоло. За Сасуоло сега е важно да се обиде во последните три натпревари да излезе од опасната зона. Засега над линијата со по 31 бод се Емполи, Фросиноне и Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани