108
Според последните најави од српските медиуми Расим Љајиќ ќе биде избран за нов претседател на ФК Партизан на Изборното собраниево Белград, а се најавува дека во раководството ќе му се придружат и две големи легенди.
Наводно, Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ кои се поранешни репрезентативци ќе добијат место во раководството.
Лазовиќ како што се најавува би требало да ја доби функцијата генерален директор. Поголемо воодушевување кај фановите најверојатно ќе предизвика доаѓањето на Мијатовиќ кој во минатото работеше и како спортски директор на Реал Мадрид.