Ендрик со солзи се опрости од Палмеирас, следната негова дестинација е Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Големата бразилска фудбалска надеж, Ендрик го одигра последниот натпревар за Палмеирас, со овации беше поздравен од фановите на овој клуб.

Кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид кој за него плати 47,5 милиони евра, а со бонуси износот може да стигне до 60 милиони евра.

Реал Мадрид одамна го потврди трансферот на Ендрик, но се чекаше тој да наполни 18 години за да се пресели на Бернабеу. Тоа ќе се случи на 21. јули, по што ќе може да биде регистриран за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани