132
Езѓан Алиоски би можел да се врати во турската Суперлига, бидејќи на маса има понуде од Анталијаспор.
Се работи за клуб кој досега имаше забрана за трансфери и сега набрзина треба да го засили ростерот за сезоната која започна. Според пишувањата во Турција, Анталијаспор му испратила понуда на Алиоски и тој треба да оцени дали ќе ја прифати.
Инаку, Езѓан Алиоски е слободен агент откако ова лето му истече договорот со саудиски Ал-Ахли. Бекот не се изнаигра во Саудиска Арабија, беше една сезона позајмен во Турција, додека претходно настапуваше за Лугано и Лидс Јунајтед.