77
Натпреварот помеѓу Слован Братислава и Динамо Загреб организаторите го карактеризираа како натпревар со висок ризик, а пред почетокот видовме и зошто е тка.
Иако пред почетокот полициските мерки беа засилени, сепак инцидентите не изостанале.
Како што пренесуваат медиумите 20-годишен навивач со возило марка Рено ќе прегазел полицајци кои се обиделе да го запрат. Навивачот не ја почитувал сигнализацијата да го запре возилото и продолжил да вози и тоа кон нив со што им го загрозил животот.
За среќа полицајците избегнале трагедија. Набрзо хрватскиот државјнанин бил запрен од друга патрола и во неговото возило била пронајдена дрога, но исто така и самиот бил позитивен на направвениот тест.