664
Шпанските медиуми пишуваат дека Столе Димитриевски сака да ја напушти Валенсија во престојниот јануарски преоден рок, Македонецот сака да оди во клуб каде ќе биде стартер.
Димитриевски требаше да биде прв голман на Валенсија, требаше Мамардашвили да замине од клубот минатото лето, но грузискиот голман остана уште една сезона, па Македонецот е закован на клупата за резерви.
Македонскиот голман чувствува дека ова е период од кариерата во кој треба да биде стартер и од таа причина Димитриевски разгледува различни опции за заминување од Валенсија и трансфер во клуб каде ќе биде стартер.
Не се исклучува тоа да биде позајмица до крајот на сезоната, но можен е и перманентен трансфер.