271
Maкедонскиот голман Столе Димитриевски пристигна на потпис со шпанска Валенсија.
Од претходно е познато дека Валенсија ќе биде новата дестинација на репрезентативниот голман на Македонија, а сега тој и пристигна на комплетирање на трансферот.
Уште веднаш по пристигнувањето Димитриевски беше „нападнат“ од медиумите, а тој истакна е среќен што пристигнува во клуб со така голема традиција.
„Среќен сум што ќе бидам дел од еден голем клуб како Валенсија. Најмногу сум импресиониран од стадионот „Местаља““, изјави Димитриевски.