78
Првата репрезентативна пауза во сезоната го зеде својот данок, бидејќи на листата повредени фудбалери се приклучија уште неколку ѕвезди.
Тренерите на дел од клубовите во европската елита се држат за глава бидејќи се најдоа во проблеми. Последни на таа листа се Пеп Гвардиола и Микел Артета, бидејќи во септемврискиот репрезентативен циклус останаа без Натан Аке, односно капитенот Мартин Одегард.
Токму Одегард е највреден (110 милиони евра) на листата повредени играчи, а го следи Едуардо Камавинга (100 милиони), Френки Де Јонг и Араухо (по 70 милиони), Расмус Хојлунд (65 милиони), Лени Јоро и Гонсало Рамос (по 50 милиони)…