Голманот на Ливерпул сака да замине, „црвените“ бараат 25 милиони евра

by Стефан
2 минути читање

Холандскиот стратег Арне Слот од пред неколку дена и официјално беше потврден за нов тренер на Ливерпул, а сега доби лоша вест.

Според информациите на медиумите во Англија, резервниот голман на „црвените“, Каомин Келехер сака да го напушти клубот во потрага по поголема минутажа.

Репрезентативецот на Република Ирска во претходната сезона одигра вкупно 26 натпревари за клубот од „Енфилд“ и тоа беше најмногу во неговата досегашна кариера. Тој ја одигра секоја минута во Карабао Купот и ја сочува својата мрежа во финалето од ова натпреварување против Челси во кое Ливерпул славеше со 1:0.

Сепак, Алисон Бекер е недопрлив како прв голман и тоа очигледно не му се допаѓа на Келехер, па сака да побара место каде што ќе биде прв голман.

25-годишникот е производ на академијата на Ливерпул и има договор до 2026 година. Највите се дека клубот за неговите услуги ќе бара сума од околу 25 милиони евра.

Ќе потсетиме, Ливерпул претходно го напуштија голманот Адриан, дефанзивецот Жоел Матип и играчот за врска Тијаго Алкантара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани