Германската легенда му предложи тренер на Баерн, името изненади многумина

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен е во трка за трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи во рамките на полуфиналето го чека реванш против Реал Мадрид, откако првиот меч заврши со нерешени 2-2. Сепак, и покрај тоа клубот по крајот на сезоната ќе побара нов тренер бидејќи Томас Тухел неславно си заминува.

Се споменуваа многу имиња, а веќе неколку тренери ги одбија баварците. На темата за потенцијално ново име за клупата коментар даде и германската легенда Лотар Матеус. Името кое го одбра за наследник на Тухел изненади многумина.

„Веќе некое време имам идеја: Ханси Флик. Тој одлично го познава клубот. Преговараше со Барселона која донесе одлука да го задржи Чави. Кога би имал поддршка од челниците на клубот, зошто да не?“, изјави Матеус.

Флик работеше во Баерн Минхен од 2019 до 2021 година и со клубот освои дури седум трофеи, од кои едниот беше и во Лигата на шампионите. Стручњакот имаше нарушени односи со директорот Ули Хенес, меѓутоа замина без скандали и со пријателска разделба. Оттогаш беше селектор на Германија, но не се прослави на оваа позиција и сега е во потрага по нов ангажман.

Можеби Баерн на мала врата, слично како и во 2019 година, решението за клупата ќе го пронајде „близу до дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани