54
Eвропската куќа на фудбалот го назначи Германецот, Даниел Шлагер за главен судија во натпреварот помеѓу Македонија и Фарски Острови кој ќе се игра в недела во скопје.
Станува збор за еден од најпознатите германски судии кој сезонава четири пати деле правда во Бундеслигата, а беше главен и на средбата помеѓу Челси и Гент во Конференциската лига.
Негови помошници ќе бидат Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски, додека четврти судија ќе биде Тимо Герах. За главен во ВАР собата е назначен Даниел Зибер, а негов асистент Рием Хусеин.