Венеција се врати во Серија А, половина лига сега има странски сопственици

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Венеција по бараж двомечот со Кремонезе славеа минимално со 1-0 и со тоа се изборија за место назад во италијанската Серија А.

Оваа екипа со голот на Кристијан Гиткјаер дојде до триумф на реванш дуелот пред својата публика на „Пјерлуиџи Пензо“. Првиот дуел кај Кремонезе заврши без погодоци.

Покрај Венеција, во калчо елитата се пласираа Парма и Комо. Интересен е фактот дека следната сезона во Серија А дури половина од екипите кои ќе играат се со странски сопственици. Дури осум клуба имаат американски газди, еден е со канадски, а десеттиот има сопственик од Индонезија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани