Веднаш по финалето Перез проговори за иднината на Лука Модриќ!

by riste
1 минути читање

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека најверојатно Лука Модриќ и во следната сезона ќе го носи дресот на кралскиот клуб.

„Мислам дека Лука Модриќ ќе остане со нас. Мислам дека ќе продолжи уште една сезона“, рече Перез по натпреварот.

Се очекува во наредните денови Модриќ и официјално да стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Перез не сакаше да зборува за Мбапе иако е извесно дека тој наскоро ќе биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид.

„Мбапе? Ова не е ноќ да зборуваме за други фудбалери. Имаме цело лето пред нас да зборуваме за иднината на Реал Мадрид“, вели легендарниот претседател на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани