46
Фудбалерите на Лацио се радуваа на петта победа во низа, против Болоња од 3-0 во 13. коло на Серија А.
Гостинот на „Олимпико“ парираше во првото полувреме, меѓутоа во 35. минута остана со десетмина на теренот. Томазо Побега заработи два жолти картони набрзина и беше исклучен.
Лацио се мачеше, притискаше и креираше шанси, ама долго време немаше голови. Првиот кој го постигна Диа беше поништен, а потоа два набрзина дадоа Гигот и Закањи во 68. и 72. минута. На крајот во судиското продолжение Деле-Баширу го постави конечниот резултат (3-0).
Лацио има 28 бода и се наоѓа на петтото место, меѓутоа има ист број бодови како Аталанта, Интер и Фиорентина. Болоња, пак, со 18 е на осмата позиција.