79
Фудбалскиот клуб Барселона ќе потпише нов спонзорски договор за спортска опрема со компанијата „Најк“.
За продолжувањето и лојалноста на оваа компанија, гигантот од Каталонија ќе добие бонус за потпис и тоа голем. Се работи за сума од 158 милиони евра само за продолжувањето, плус самиот спонзорски договор.
Ќе се потпише договор на 14 години според кој Барселона ќе заработи историски 1,7 милијарди евра. Тоа поделено значи по 127 милиони евра годишно само од „Најк“, плус спортската опрема.
Се е договорено и се очекува само официјализација на долгата и плодна соработка.